Холанѓанката Еставана Полман се врати на тренинзите во Есбјерг после бурниот период кој сега изгледа е зад неа.
Полман за сегашната ситуација зборуваше во интервју за „БТ“ и потврди дека повторно тренира со данскиот состав.
„Се уште сум дел од Есбјерг. Тоа е најважното и никој не може да го игнорира тој факт. Имам семејство во Данска и ќе останам тука. Доколку имавте прилика да ме видите на вчерашниот тренинг ќе видевте колку сум среќна што повторно сум со топка во рацете. Сигурна сума дека од оваа ситуација ќе излезам посилна. Верувам дека можам да напишам книга за се што ми се случуваше, мислам дека би станал бестселер“, изјави Полман.
Во редовите на Есбјерг Полман настапува од 2013 година и од тогаш одигра 240 натпревари и постигна 1270 голови. Со тој учинок Холанѓакната е најдобрата ракометарка во историјата на данскиот клуб.
Ѕвездата на тимот одби да влезе на терен, клубот ја суспендираше
Драма во Купот на Данска: Мајката на Полман збесна поради малата минутажа на својата ќерка!
„Ме игнорираат, не разговараат со мене, тренирам сама во аголот“
Доаѓа крајот на кошмарот за Полман – Есбјерг објави крај на соработката!