Полицијата откри – нема киднапирање, Камерунките самоволно го напуштиле хотелот!

Во текот на вчерашниот ден, организаторот на Мундијалот во Шпанија, имаше големи проблеми. Кина се откажа од понатамошните настапи, додека четири ракометарки од Камерун „исчезнале“ од хотелот во Валенсија.

Се чекаше да поминат 24 часа од моментот кога од камерунската федерација забележале дека ги нема, па случајот бил пријавен во полиција.

По кратката истрага, шпанските медиуми соопштија соопштија дека ракометарките го напуштиле хотелот, ги земале сите лични работи и дека не станува збор за киднапирање.

Тие имаат валидни визи за престој на европскиот континент, и веројатно нивната желба е да останат во Европа и да не се враќаат во татковината, каде што ракометната лига во женска конкуренција е под контрола на армијата.

ХАОС на Мундијалот – исчезнаа четири ракометарки од Камерун!