На пет дена до првиот бараж меч против Македонија, селекторот на Украина, Виталиј Андронов, го објави скратениот список за двомечот што носи пласман на СП.
Андронов ќе смета на 18 ракометарки, меѓу кои се најдоа и вториот стрелец оваа сезона во Лигата на Европа – средниот бек Ирина Глибко.
Покрај ракометарката на Валчеа, тука се десното крило Евгенија Левченко, голманката Марија Гладун, потоа бековите Ирина Компаниец и Тамара Самбатиан кои играат во одлична форма сезонава, пикерот Ирина Стелмах од Подравка…
Во стручниот штаб на Андронов се Олга Передери, некогашна членка на Крим и Мец, како и тренерот на голмани Оксана Плошчинска, која освои европска титула со Кометал Ѓорче Петров во 2022 година во ЛШ.
Првиот меч меѓу Македонија и Украина се игра во Скопје на 8 април од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е на 11 април во Кишварда со почеток во 17:00 часот.