Машката младинска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на ЕХФ шампионат во Варна, во источниот сосед.
Селекторот Бранко Ангеловски се одлучи 18 ракометари да патуваат за Варна, а од оние кои беа на подготовките отпаднаа голманот Ерманоски, левото крило Субашевски, како и бековите Милков, Калајџиески, Цветковски и Иванов.
Во стручниот штаб на Ангеловски се Андон Бошковски, и двоецот од кадетската селекција, Раде Стојановиќ и Наум Танески, и тренерот на голманите Ице Соколески. Во Варна ќе биде триото Ангеловски, Бошковски и Стојановиќ.
ЕХФ шампионатот стартува утре и ќе се игра до 24 јули, кога ќе биде познато кој е патникот во квалификациите за СП за младинци во Германија и Грција.
Прв ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Украина.
ЕХФ шампионат, младинци, распоред на натпревари:
16/7, 17:00, Македонија – Украина
17/7, 18:00, Македонија – Косово
20/7, 14:00, Македонија – Романија
21/7, 14:00 Македонија – Швајцарија
23/7, натпревар за пласман
24/7, натпревар за пласман