Croatia vs Bahrain, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Malmo, 23.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Познат пласманот од 9 до 24 место на СП – еве како котираат Хрватска, Словенија, Србија….

Со одигрувањето на сите натпревари од главната фаза на Светското првенство 2023, познато е кои репрезентации завршија од 9. позиција, па сѐ до 24. позиција.

За позициите од 25 до 32 место ќе разигруваат репрезентациите кои настапуваа во Президент Купот, а како што е веќе познато, нашата репрезентација со Јужна Кореја ќе се бори за 27 место на шампионатот.

Најдобар пласман од балканските земји оствари Хрватска. Избраниците на Хрвоје Хорват настапот на Светското првенство во Полска и Шведска го завршија на 9. позиција.

По Хрватска следуваат Словенија, Србија, Исланд, Португалија, Холандија, Полска, Бахреин, Бразил Црна Гора, Аргентина и репрезентацијата на САД, која на вториот настап на Мундијалот направи историски успех, заврши на 20. позиција од вкупно 32 учесници.

Екс тренерите на Вардар, Љубомир Обрадовиќ и Веселин Вујовиќ со селекциите на Зеленортските Острови и Иран завршија на 23, односно 24 место. Катар настапот на Мундијалот го заврши на 22 место, додека дебитантот Белгија се пласира на 22 место.

Конечен пласман (9-24 место)

9. ХРВАТСКА
10. СЛОВЕНИЈА
11. СРБИЈА
12. ИСЛАНД
13. ПОРТУГАЛИЈА
14. ХОЛАНДИЈА
15. ПОЛСКА
16. БАХРЕИН
17. БРАЗИЛ
18. ЦРНА ГОРА
19. АРГЕНТИНА
20. САД
21. БЕЛГИЈА
22. КАТАР
23. ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ
24. ИРАН