Европската ракометна федерација во координација со клубовите и ТВ куќите, ги одреди термините за осминафиналните дуели во Лигата на Европа.
Единствен македонски претставник во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде Еурофарм Пелистер, кој ќе се соочи со некогашниот европски првак Магдебург.
Првиот меч ќе се игра во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 23 март со почеток во 20:45 часот.
Реваншот кој ќе го даде патникот во четвртфиналето ќе биде на програмата на 30 март со почеток во 18:45 часот во „Гетек Арена“.