Познато е кој играч на Вардар е позитивен на коронавирус!

На пет дена до официјалниот старт на сезона и натпреварот со Нексе, во редовите на европскиот шампион Вардар има позитивен ракометар на коронавирус.

Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов, кој веќе е во изолација и ќе остане така се до добивањето на два негативни теста. Тој минатата седмица стана татко откако неговата сопруга се породи во болницата „Систина“, а во текот на вчерашниот ден се пожалил на покачена температура и веднаш се тестирал.

По направените тестови денеска, доколку се утврди дека останатите ракометари и стручниот штаб се негативни, подготовките на клубот ќе продолжат според планот. Вардар досега двапати се тестираше, еднаш пред почеток на сезоната и еднаш пред турнирот во Струга.

Вардар веќе ги информираше за овој случај и клубовите со кои играше пријателски натпревари минатата недела, и Металург и Еурофарм Пелистер. По одигрувањето на натпреварите клубот им даде слободни денови на играчите, па намалена е можноста за ширење на вирусот.

Натпреварот против Нексе Нашице треба да се игра в сабота со почеток во 20:15 часот, но тоа ќе се случи доколку денешните резултати на останатите играчи се негативни.

Во Вардар се појави коронавирус – играчот изолиран, тимот повторно се тестира!

Стоилов стана татко (ФОТО)

Стоилов го покажа наследникот, со сопругата го одбраа и името (ФОТО)