Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го стартува своето учество на 28-то Светско првенство. Домаќините на големото натпреварување се Полска и Шведска.
Ракометарите на Македонија за прв ривал ја имаат селекцијата на Норвешка, која на Мундијалите во 2017 и 2019 година играше во финалето и во двата наврати не успеа да дојде до златото.
Селекторот Кире Лазеров од 18 ракометари, кои ги имаше на располагање, за дуелот против Норвешка одбра 16.
За денешниот натпревар отпаднаа браќата Петар и Павле Атанасијевиќ.
Состав на Македонија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевси, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Никола Маркоски, Костадин Петров, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младновиќ, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов.
Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка ќе стартува со почеток од 20:30 часот.