ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Димевски ќе игра против Романија

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар на ЕХФ шампионатот во градот Варна, во источниот сосед на Македонија.

Селекторот Бранко Ангеловски и неговиот стручен штаб, направија една промена во ростерот за дуелот со Романија.

Во составот ќе биде левиот бек Давид Димевски, додека надвор од комбинација остануваат Марио Стојановски и Томислав Димковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра денеска со почеток во 14:00 часот, а судиите доаѓаат од Полска, Јерлецки и Лабун.