Женската репрезентација на Македонија со почеток од 17:00 часот ќе го одигра реванш дуелот против Украина за пласман на Светското првенство 2023.
Селекторот Љубомир Савевски за реваншот направи две промени во однос на првиот меч.
На местото на голманката Драгана Петковска ќе биде Амра Терзиќ, додека Катерина Дамјановска ќе ја менува Сања Дабевска на позицијата кружен напаѓач.
Едуарда Амрим Талеска, која е дел од стручниот штаб на ,,црвено-жолтите” поради тоа што е во деветти месец од бременоста не патуваше за Дебрецен.
Поради конфликтот во Украина, денешниот реванш дуел ќе се одигра во Унгарија, поточно во градот Кишварда.