Европската ракометна репрезентација ги објави ростерите на репрезентациите за денешните средби од младинскиот ЕХФ шампионат.
Македонија ќе се соочи со селекцијата на Косово, а селекторот Бранко Ангеловски и неговиот стручен штаб се решија за истите ракометари од дуелот со Украина.
Тоа значи дека надвор од комбинација остануваат Давид Димевски и Томислав Димковски. Косово во составот ќе има 15 ракометари.
По ремито со Украина, единствена опција на денешниот натпревар е победа против Косово. Натпреварот стартува од 18:00 часот.