Екипата на Еурофарм Пелистер денеска од 18:45 часот во Битола го игра натпреварот од 8. коло од Групата Д во Лигата на Европа, а противник е составот на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.
Им претстои нов предизвик на ракометарите на Еурофарм Пелистер бидејќи ривалот е во добра форма и затоа на овој дуел важно е секој да го даде максимумот.
Тренерот Жељко Бабиќ има посилен состав отколку на гостувањето кај Ним бидејќи во составот ги има Мирко Радовиќ (ја залечи повредата од ЕП), Јосип Периќ, Матео Мараш, Гоце Ојлески и Јосип Божиќ Павлетиќ.
Сепак, ќе недостигаат Мартин Велковски и Немања Обрадовиќ.