Екипата на Еурофарм Пелистер е ослабена на дуелот против Ним кој се игра денеска од 18:45 часот и со 14 ракометари ќе се обиде да дојде до позитивен резултат од првото гостување во 2022 година во Лигата на Европа.
Тимот од Битола ќе биде без Периќ, Обрадовиќ и Мараш така што ќе има намален ростер и задачата ќе биде многу потешка од очекуваното.
Сепак, и во ваков состав се очекува добро издание и сигурно ќе има што да се види на теренот бидејќи Еурофарм Пелистер има состав кој може да се надигрува против секого.