Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ја очекува првата битка на ЕХФ шампионатот во градот Варна.
Ривал на избраниците на Бранко Ангеловски ќе биде селекцијата на Украина, а македонскиот селектор го одбра составот за денешната средба.
Од 18 ракометари кои се во Варна, од комбинација отпаднаа Давид Димевски и Томислав Димковски.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра денеска од 17:00 часот, а ќе го судат арбитри од Луксембург – Ален Рох и Филип Линстер.