Европската ракометна федерација ги објави составите за денешната пресметка меѓу Македонија и Украина од баражот за Светското првенство.
Селекторот Љубомир Савевски ги одбра 16 ракометарки што ќе се спротистават на Украинките, а надвор од комбинација останаа Ива Младеновска, Катерина Дамјановска, Амра Терзиќ и Ивана Арениевска.
Левото крило на Вардар, Бојана Диневска ќе дебитира за сениорската репрезентација на Македонија, а по долго време во ростерот ќе бидат Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова.
Украина веќе ги објави ракометарките што ќе играат денеска против Македонија, па нивниот состав е познат.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковскии“ со почеток од 19:00 часот.