Познати се четвртфиналните двојки во Лига на Европа!

Екипите на Гепинген, Фуксе Берлин, Монпелје и Спортинг им се придружија на Фленсбург, Кадетен, Нексе и Грањолерс во четвртфиналето во Лига на Европа.

Гепинген, Фуксе Берлин и Монпелје против своите ривали немаа никакви проблеми ниту на реванш средбите, така што победнички ја завршија осминафиналната трка.

Спортинг на реванш дуелот против Бидасоа успеа да победи со повеќе од три гола разлика, на првиот дуел беше поразен со 30:27, и си обезбеди учество во четвртфиналето.

По вечерашните дуели, познати се сите четвртфинални двојки, во кои осум екипи ќе се борат за место на Ф4 турнирот.

Во четвртфиналето свој претставник нема да има Данска, додека по три претставници ќе има Германија, а по еден Швајцарија, Португалија, Хрватска, Шпанија и Франција.

Шампионот од минатата сезона, екипата на Бенфика во осминафиналето беше елиминирана од бундеслигашот Фленсбург.

Хрватскиот вицепрвак Нексе за противник во четвртфинале го доби Гепинген, додека Грањолерс, кој успеа да го елиминира Архус, за место на Ф4 турнирот ќе се бори против еден од фаворитите – Фленсбург.

Француски Монпелје во четвртфиналето ќр игра против Спортинг, додека Фуксе Берлин има лесна пречка кон Ф4, за ривал го доби Кадетен Шафхаузен.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ

ФЛЕНСБУРГ – БЕНФИКА 33:28 (19:16)

ИШТАД – КАДЕТЕН 25:27 (9:14)

НЕКСЕ – МОТОР 27:29 (9:16)

АРХУС – ГРАЊОЛЕРС 25:30 (13:16)

ГЕПИНГЕН – ВАЛУР 33:31 (18:15)

ФУКСЕ БЕРЛИН – СКЈЕРН 38:32 (21:18)

СПОРТИНГ – БИДАСОА 34:28 (15:12)

МОНПЕЛЈЕ – ФТЦ 43:29 (23:11)

Нексе се врати од мртвите и слави четвртфинале во ЛЕ!