Европската ракометна федерација во координација со клубовите го одреди распоред и саатниците на натпреварите од Лигата на Европа.
Македонија ќе има два претставника во групната фаза од новото натпреварување, Металург и Еурофарм Пелистер.
Познати се саатниците за првите шест кола што ќе се одиграат до крајот на оваа календарска година. Металург во првото коло ќе му гостува на францускиот Тулуз од 20:45 часот, додека Еурофарм Пелистер дома ќе ја пречека унгарската Татабања од 18:45 часот.
Натпреварите на нашите два тима секогаш ќе бидат во различни термини, без разлика дали играат дома или гости, па македонските љубители на ракометот ќе имаат шанса да ги следат двата меча и да си го резервираат вторничниот термин од 18:45 до 22:45 часот.
Распоред на натпревари:
20.10.2020, 1 коло, Тулуз – Металург (20:45), Еурофарм Пелистер – Татабања (18:45)
27.10.2020, 2 коло, Металург – Висла Плоцк (20:45), ГОГ – Еурофарм Пелистер (18:45)
17.11.2020, 3 коло, Адемар – Металург (20:45), Еурофарм Пелистер – Кадетен (18:45)
24.11.2020, 4 коло, Металург – Фиверс (18:45), РНЛ – Еурофарм Пелистер (20:45)
01.12.2020, 5 коло, Металург – Ч.Медведи (18:45), Тримо – Еурофарм Пелистер (20:45)
08.12.2020, 6 коло, Ч.Медведи – Металург (18:45), Еурофарм Пелистер – Тримо (20:45)
09.02.2021, 7 коло, Металург – Тулуз, Татабања – Еурофарм Пелистер
16.02.2021, 8 коло, Висла Плоцк – Металург, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
23.02.2021, 9 коло, Фиверс – Металург, Еурофарм Пелистер – Рајн Некар
02.03.2021, 10 коло, Металург – Адемар Леон, Кадетен – Еурофарм Пелистер
Кушан: Еурофарм Пелистер може да стигне до завршницата во Лигата на Европа!