Овогодинешното издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи во периодот од 31 август и ќе трае до 2 септември.
Вкупно ќе учествуваат пет домашни екипи и една странска екипа. Учесници од Македонија ќе бидат екипите на Прилеп (домаќин), Струга, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и ГА КЛ7. Гостинска екипа ќе биде српската Дубочица од Лесковац.
Учениците ќе бидат поделени во две групи и секој тим на почетокот ќе одигра по два натпревари.
Група А: Прилеп, Струга, Тиквеш
Група Б: Еурофарм Пелистер 2, ГА КЛ7, Дубочица
Целосна агенда на турнирот
31.08.2021, вторник
16:00 часот, Свечено отворање на турнирот
18:00 часот, Прилеп – Струга
20:00 часот, Дубочица – ГА КЛ7
01.09.2021, среда
10:00 часот, Струга – Тиквеш
12:00 часот, ГА КЛ7 – Еурофарм Пелистер 2
18:00 часот, Прилеп – Тиквеш
20:00 часот, Дубочица – Еурофарм Пелистер 2
02.09.2021, четврток
09:00 часот, натпревар за 5. место
11:00 часот, натпревар за 3. место
13:00 часот, натпревар за 1. место
14:30 часот, свечено доделување на награди
Натпреварите ќе се одржуваат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.