Екипата на Подравка одлучи да донесе ракометарка која пред неколку сезони играше за тимот на Вардар, Дијана Илина, а со тоа полека почна комплетирањето тимот за следната сезона.
Иако за Илина беше заинтересиран и Кастамону, сепак, репрезентативката на Белорусија реши да ја прифати понудата на Подравка.
Илина оваа сезона настапува во романскиот шампионат за екипата на Глорија Бистрица. Во својата кариера го носеше дресот на Гомел и Астраханочка, а беше дел и од поранешниот шампион на Македонија, Вардар.
Пред извесен период Подравка се засили со младите репрезентативки на Хрватска и Романија, Лариса Калаус и Бјанка Базалиу.