ПОГЛЕД ОД ТРИБИНИТЕ: Со Кипре доживејте како фалангата навива во Краков

Светското првенство во ракомет за мажи, кое започна  на 11.01.2023 год. и се одржува во Полска и Шведска, предизвика огромно внимание не само во Македонија, туку и во земјите учеснички на ова првенство.

Како и на многу првенства до сега, и тоа во различни спортови, така и овој пат дојдов да дадам поддршка на нашите ракометари, но исто така да ги разгледам и убавините на Краков, да сретнам нова култура. Секако дека  ќе има и голем број на наши навивачи кои планираат повеќето да пристигнат на денот на натпреварот.

По пристигнување во Краков, прво што се потсетив беше на ЕП во ракомет за мажи во 2016 год.кога и Македонија учествуваше на истото. Поради работни обврски тогаш бев присутен само на еден меч и потоа морав да се вратам во Македонија и да продолжам со своите обврски. Секако дека не ми беше сеедно бидејќи навистина голем број беа дојдени да навиваат за Македонија, а имаше и добра дружба, како и секогаш што има.

Сега, по една преспиена ноќ и добар одмор без телефон и компјутер, денот ми започна со прошетка по Краков, разгледувајќи ги убавините на центарот на градот. Поради убавото сончево време голем број на луѓе беа излезени на прошетка или на некоја седенка на “летните тераси” кои се адаптирани и за зимски услови, и некако се почуствував како да проаѓа зимата, а пролетта е на прагот. Во градот има и доста туристи, од разни краишта на светот, дел дојдени за ракомет, дел туристички да го посетат градот. Најмногу се одушевив што е многу чист градот, нема ѓубре расфрлано по улици или плуканици каде што не можеш да стапнеш, а тоа е резултат на една поинаква култура.

Чест и задоволство ми беше што бев на прием на помошникот на Градоначалникот на Краков, г-дин Јануш Козиол, кој е одговорен и за спортот во Краков и околината, а е голем вљубеник во спортот.

Тоа се виде во неговата канцеларија исполнета со многу спортски реквизити, дресови, шалови и слично, и се почуствував на момент како да се наоѓав во некоја спортска федерација. Од мое лично име му подарив дрес од Македонската ракометна репрезентација, сувенири и брошури од Македонија, како и капитенско знаменце од Одбојкарската Федерација на Макеоднија, а по повод следното првенство во одбојка за мажи кое ќе се одржи годинава во 3 држави, меѓу кои и Македонија, каде ќе се одиграат натпревари од групна фаза и ќе бидеме домаќини на националнито тим во одбојка на Полска.

Од самиот гест, г-дин Јануш Козиол беше пријатно изненаден и како знак на благодарност добив подарок, како и два билета за два натпревари (Чиле-Иран и Шпанија-Црна Гора) во Вип претседателската ложа во Таурон Арената.

По извесно време бев прошетан по нивните службени простории, односно градската куќа која е стара повеќе од 130 години, со традиција и зачувана во оригинален стил, во која има дел каде што се  изложени разни награди во областа на спортот, медали и сл., како и подароци од службени посети на странски делегации и сл. кои ги зачувале и изложиле во стаклени витрини. Навистина прекрасно чувство и поминати кратки, ама убави моменти.

Јас и пред да ги добијам овие 2 билета, јас веќе имав набавено билет за 2 натпревари кои се играа на 11 јануари, но секако ја искористив можноста да бидам ВИП гостин на ракометот во Таурон Арената, а мојот билет да го подарам на некого.

На овие натпревари зачуди фактот што немаше голем број на публика, туку околу 300-400 вљубеници на ракометот, што не верувам дека и утре ќе биде со толкав број, туку со многу повеќе, а и погласни ќе бидеме секако.

По натпреварите одлучивме да одмараме малку бидејќи утре доаѓаат нашите навивачи, но и да се подружиме пред натпреварите, а на натпреварот со Норвешка да им дадеме максимална поддршка на ракометарите.