ПОГЛЕД ОД ТРИБИНА: Ние сме најпосакуваната публика

Околу 800-900 навивачи имаше на трибините и навистина убава бројка со оглед на фактот дека Краков не e блиску до Македонија и голем број дојдоа со автомобили и автобуси, кои не жалат што поминаа над 1.250 км само во еден правец, а тоа зборува колку се сака националниот тим. Покажавме дека сме најверната и најдобрата публика на свет, од срце и душа се навива за Македонија. Горан Кипријановски е еден од најпознатите македонски навивачи кои патува на секое првенство, а сега е и во Краков.

Петок 13-ти, не го сметавме за баксузен ден, напротив. Сончевиот ден, како и позитивната атмосфера на навивачите донесе убаво расположение. Поголемиот број од нив шетаа по градот запознавајќи ги убавините на истиот, а потоа се упатуваа  во еден локал во центарот на Краков каде што е сместена фан зоната за навивачите од Македонија и навистина забавата беше одлична, се пееја разни навивачки песни, како и песни од Македонската народна и забавна естрада.

Едноставно сите што беа присутни се забавуваа, дружеа, се стекнаа нови познанства и пријателства. Чувството треба да се доживее лично, а се останато е слика и тон. Тоа е она што не може поинаку, а тоа е дека спортот не обединува и заедно сме посилни.

Градот Краков, а особено строгиот центар и плоштадот беше “обоен” од црвено-жолтата боја. Каде и да се завртите, не имаше насекаде. Навивачите во спортска облека: дрес, капа, шал, знаме правеа посебен декор, а љубопитните жители на Краков, како и туристите кои го разгледуваа градот, посакаа да се поздрават и да направат некоја фотографија за спомен.

Покажавме дека сме дојдени во најголем број на навивачи и фанови во споредба со сите навивачи на сите национални тимови од двете групни фази кои се одигруваат во Краков. Сите во арената беа воодушевени од големниот број навивачи и фанови, како и декорот што го правиме за време на натпреварите, надополнето со навивање и поддршка за целовреме траење на натпреварот.

Околу 800-900 навивачи не имаше на трибините и навистина убава бројка со оглед на фактот дека Краков не e блиску до Македонија и голем број дојдоа со автомобили и автобуси, кои не жалат што поминаа над 1.250 км само во еден правец, а тоа зборува колку се сака националниот тим. Покажавме дека сме најверната и најдобрата публика на свет, од срце и душа се навива за Македонија. За голем број на држави сме најпосакуваната публика.

Иако загубивме на натпреварот со Норвешка, сепак противникот реално беше подобар и не победи, но од овој натпревар научивме нешто повеќе како игра една европска и светска велесила во ракомет. И во поразите, нашите ракометари ја имаат нашата поддршка.

Имав можност да се сретнам со пријатели со кои не сум се видел подолго време, а исто така и да се сретнам со мои две поранешни колешки со кои поминав убав период на моето работење во Осигурување Македонија. Со поголемиот број на навивачи веќе се познаваме меѓу себе, постојано во рамките на нашето време и можности патуваме на спортските натпревари на нашите национални репрезентации во различни спортови, а и на некои натпревари кога игра некој клуб од Македонија, секако. Муабетите немаат крај, по натпреварите дружењето продолжи во некои од локалите во центарот на Краков.

Ден после првиот натпревар бевме и ние “слободни”, па голем дел од нас го искористија времето за посета на рудникот за сол во Wieliczka,  концентрациониот логор Аушвиц или пак во разгледување на Краков и неговите убавини. Дел од денот го искористив за посета на рудникот за сол и навистина ме воодушеви истиот и вредеше што го посетив заедно со една група на мои пријатели.

Околу 3 часа пешачка тура на 125 метри “под земја”, воопшто не ме измори туку бев фасциниран што од еден ваков рудник е направена голема туристичка атракција и носи голем профит на туризмот. Тука може да сретнете буквално луѓе од цел свет.

Вчера, на мое изненадување,некои од играчите од Црногорската репрезентација ми дадоа 30-тина гратис билети за деновите на натпревари кога игра нивната репрезентација, па со задоволство истите ги проследив и до дел на наши навивачи односно кој е заинтересиран/а да дојде на тие натпревари. Навистина убав гест и голема благодарност до нив, со оглед на фактот дека тие билети поединечно чинат околу 30-35 еур.

Денот го искористив да ги следам и двата натпревари од второто коло на другата група која се игра во Краков, а тоа беа натпреварите помеѓу Црна Гора и Иран, како и Шпанија против Чиле.  Навистина убави натпревари и можност да се видат добри репрезентации, а и одлични светски играчи.

Секако, вечерта се “заокружи” со убава дружба со мои пријатели во локалите во центарот на Краков.

Новиот ден ќе донесе нов предизвик, а да се надеваме на победа на Македонија на натпреварот со Холандија и да се израдуваме сите заедно, како и да прославиме за првата победа на ова светско првенство.

Очекувам повторно максимална поддршка од трибините, а на нашите ракометари им посакувам победа.