24Ракомет ТВ: Погледнете зад кулисите на Ф4 турнирот во Келн

Петок е резервиран за свеченото отворање и дружење со новинарите на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Традиционално повеќе од 10 години, новинарскиот петочен ден ни започнува во Радисон Блу каде се сместени сите екипи полуфиналисти во елитното натпреварување... Многу убави спомени, познати лица и ракоментни величини на едно место. Неколку часа подоцна започнува свеченото отворање на турнирот на големата бина пред Ланксес Арена, местото каде ќе се одлучува новиот шампион меѓу шампионите...