Повеќе не личи на себе: Освои медал, остана без брада и без репче (ФОТО/ВИДЕО)

Еден од ракометарите на Шпанија, кој беше дел од „фуријата“ на игрите во Токио, а го има носено и дресот на Вардар и освоено титула во Лигата на шампионите, Хорхе Македа ќе има по што да ги памети Олимписките игри бидејќи после освојувањето на бронзениот медал веќе не личи на себе.

Тој остана без брадата која обично беше неговиот заштитен знак. Сега има сосема поинаков изглед.

Покрај тоа остана и без репчето по кое беше препознатлив во последните сезони, па оттаму во блиска иднина ќе има нов имиџ.

Го плати олимпискиот медал со новиот имиџ, но дефинитивно олимпискиот медал нема цена.