Ракометарите на Загреб го освоија трофејот на ТВ турнирот на шампионите во босанскиот град Добој.
Избраниците на Ивица Обрван славеа во финалето над српскиот шампион Војводина со убедливи 27-19.
„Плинарите“ водеа на полувреме со плус четири, 13-9, а во вториот дел комплетно го надиграа противникот.
Најдобри стрелци во хрватскиот првак беа Иван Чупиќ со осум погодоци и Давид Мандиќ со четири, додека голманот Дино Славиќ собра осум одбрани.
Натпреварите меѓу Загреб и Вардар се играат на 26 август во Скопје и на 31 август во хрватската престолнина. Победникот од двомечот оди на Ф4 во Задар.