Долгоочекуваното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра в среда во салата „Боро Чурлевски“.
Почетокот на натпреварот е од 18:00 часот, а билетите што беа пуштени денеска во продажба во 10:00 ги снема за помалку од еден час.
Салата ќе биде исполнета со 50% од капацитет за да бидат запазени сите протоколи, а сите гледачи ќе мора да покажат и сертификат за вакцинација.