Изминатиот викенд се одиграа осум натпревари од второто коло од двете групи во женска пионерска конкуренција.
Најинтересно беше во Битола, во локалниот дуел, каде што се сретнаа екипите на Феникс и Пелистер, а поуспешни беа „гостинките„ со 17-21.
Тимот на Металург, кој е меѓу фаворитите за место на завршниот турнир, славеше на гости кај Алушовски, додека на сите други мечеви, фаворитите славеа убедливи победи.
Резултати, 2 коло:
Група 1
ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – КУМАНОВО 25:13 (10:8)
ВАРДАР – КЛ 7 ЛАЗАРОВ 37:7 (16 2)
ДРАЧЕВО – ВЕЛКОВА 5 8:23 (1:13)
АЕРОДРОМ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 23:13 (11:4)
АЛУШОВСКИ – МЕТАЛУРГ 12:15 (1:8)
Група 2
ЛИХНИД – СТРУЖАНКА 10:25 (3:10)
КАЛЕ МК ВАРДАР – САНИ 12:17 (7:10)
ФЕНИКС АМ – ПЕЛИСТЕР 2012 17:21 (7:9)