Двата унгарски гиганти ПИК Сегед и Веспрем ќе се сретнат уште четири пати до крајот на сезоната на домашна сцена.
Денеска двата тима ќе имаат пресметка во полуфиналето на Купот на Унгарија, а за седум дена, на 30 април е вториот дуел од регуларниот дел на првенството.
Со оглед на тоа што е јасно дека Веспрем и ПИК Сегед ќе бидат на првите две позиции на табелата, без оглед на резултатите до крајот на регуларниот дел, тоа значи дека им претстојат уште два меча.
Тие два дуели ќе го решат шампионот, а ќе се играат во првата недела од јуни, дома – гости, со тоа што предноста реваншот да го игра дома ќе има екипата што ќе заврши првопласирана по регуларниот дел.
Навивачите во Унгарија ги очекуваат навистина интересни дуели, кои ќе бидат интересни и за македонската јавност, бидејќи очекуваме камбек на терените и за Дејан Манасков, кој ги брани боите на Веспрем.