Откако во неделата обезбедија победа на гостувањето кај Магдебург, денеска ракометарите на Штутгарт дојдоа до триумф и против Лајпциг на домашен терен со што успеаја да се изборат за нови важни бодови.
Штутгарт славеше со 30:24 со што покажа дека сезонава има квалитет и за повисок дострел од очекуваното.
Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски повторно одработи одличен натпревар. Особено во нападот неговиот придонес беше голем и со пет гола беше трет стрелец во својот тим.
Пешевски имаше шут 5 од 7, а со тоа имаше огромен придонес во победата на Штутгарт.
Ова беше победа број 4 за тимот на Штутгарт и со неа изби на првото место на табелата во Бундес лигата така што е лидер до комплетирањето на 6. коло.
БУНДЕС ЛИГА
ШТУТГАРТ – ЛАЈПЦИГ 30:24
ЛУДВИГСХАФЕН – ХАНОВЕР 27:27
ГЕПИНГЕН – ЛЕМГО 28:28