Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен од составот на Мотор Запорожје и се прости од Европа.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека мора сите заедно побрзо да се разбудат и да влезат со мирни глави во следните предизвици.
„Честитки за Мотор. Едноставно ние не ја искористивме шансата пред домашната публика. Направивме многу технички грешки. На ваков натпревар тоа не смее да се случува. Бевме мотивирани, но прокоцкавме многу шанси. Едноставно мора да се разбудиме што побрзо. Пропуштивме многу шанси, треба да се освестиме и да влеземе со мирни глави во следните предизвици. Апелирам да останеме сите заедно, ќе ни треба голема поддршка за да ги оствариме целите.
Следен предизвик за пелистерци ќе биде домашниот меч против Војводина од регионалната СЕХА лига, додека в сабота играат суперлигашки дуел со Пролет.
Валтер: Тажен и разочаран сум, промашувавме во одлучувачките моменти