Тимот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, славеше важна победа во Бундес лигата.
Штутгарт триумфираше на незгодното гостување кај составот на Ерланген со 27-32, откако и на полувреме водеше со 13-17.
Пешевски беше трет стрелец на овој натпревар и успеа да постигне четири гола од четири обиди, а имаше и една асистенција.
Со овие два бода Штутгарт сега се наоѓа на 15 место, а следниот натпревар ќе го игра дома против Минден.