Еурофарм Пелистер со вредна победа се враќа од Германија, каде што славеше против Мотор Запорожје со 33-30.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски, играше против неговиот поранешен тим и вели дека овие бодови имаат големо значење.
„Одговоривме на најдобар можен начин за лошите 15 минути против Фуксе Берлин. Се консолидиравме, заздравиме психички и физички, дојдовме спремни во Диселдофрф и од првата минута покажавме дека сме тука да се бориме, секој да го заслужи овој дрес и на крајот да си заминеме со големи два бода и со победа. Огромно значење имаат овие четири бода на гостински терен, особено против овие два ривали, тоа ќе ни биде како ветар во грб за наредните натпревари. Се спремаме за натпреварот во Кавадарци против Тиквеш во петок, тоа е сериозно гостување, па ни следи тешко патување за Шпанија. На секој натпревар се стремиме да бидеме подобри од претходниот и да собереме што е можно повеќе бодови на крајот од групата“, изјави Пешевски.
Следен предизвик за битолчани ќе биде суперлигашккиот натпревар против Тиквеш в петок во Кавадарци, додека во вторник гостуваат кај Бидасоа во Лигата на Европа.
Гол шоу на Хенеберг, Еурофарм Пелистер победнички се враќа од кај Мотор!