Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер доживеа пораз на премиерата во Лигата на шампионите и убедливо загуби од дебитантот Колстад со 31:22.
Гостите од Норвешка уште во првите десет минути се одлепија на 7:1 и тоа беше клучниот момент за понатамошниот тек на натпреварот во кој норвешкиот шампион со победа го започна деби настапот во Лигата на шампионите.
Кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, имаше пофални зборови за битолската публика, која во текот на целиот натпревар ги бодреше своите миленици.
,,Честитки за екипата на Колстат. Ривалот беше супериорен на терен, ги искористи нашите грешки, а и ние имавме многу промашувања. Мислам дека мора да додадеме гас и да бидеме подобри на дуелите во Лигата на шампионите. Ни треба поддршка од сите. Голема благодарност до публиката која што дојде во голем број и нè бодреше во текот на целиот натпревар. Само така ќе го најдеме вистинскиот пат и така ќе бидеме подобри во иднина“, изјави капитенот Пешевски.
Еурофарм Пелистер во второто коло од европската елита ќе биде гостин кај данскиот вицепрвак Алборг.
Пораз на премиерата за Еурофарм Пелистер, Колстад носи бодови од Битола