Екипата на Штутгарт претрпе пораз на гостувањето кај Гепинген со 32:34 и на тој начин остана на 16. позиција и во опасната зона во Бундес лигата.
Штутгарт губеше во текот на целта средба и имаше заостанување што беше причина за постојано да мора да се брка резултатот. Тоа им овозможи на домашните да бидат во подобра тактичка положба и им даваше можност и да го имаат резултатот под контрола.
Гепиген знаеше водството од првото полувреме од 19:13 да го зачува иако Штутгарт намалуваше, па бодовите останаа дома.
На оваа средба репрезентативецот на Македонија постигна само еден погодок.
Во дербито на денот на кое Флензбург го пречека Магдебург, домашниот состав дојде до победа од 30:27, а со ова самого намали големото заостанување на пет поени. Кил засега е третопласиран со шест бода помалку од лидерот Магдебург.