Ракометарот кој е репрезентативец на Македонија, Жарко Пешевски одработи одличен натпревар за Штутгарт против составот на Балинген и постигна пет гола во победата од 27:26.
Пешевски ја искористи добиената шанса и постојано беше закана по голот на гостите. Секоја шанса за погодок ја користеше на најдобар можен начин, а доказ за тоа е што промаши само еден удар.
Тој имаше еден од своите најдобри натпревари сезонава и беше од големо значење за обезбедување на победата.
Сепак, ова е само втор триумф за Штутгарт така што тимот уште е во долниот дел на табелата со само четири поени од седум одиграни средби досега.