Кружниот напаѓач на Алкалоид и македонската репрезентација, Никола Маркоски, нема по добро да го памети дерби натпреварот со Вардар од 11 коло во суперлигашката конкуренција.
Уште на стартот на натпреварот, по три минути игра, додека Маркоски беше во одбраната на неговиот тим ја заработи повредата. Кружниот напаѓач се обиде да блокира шут на еден од ракометарите на Вардар, успеа во тоа, но заработи скршеница на носот.
Тоа беше утврдено по лекарските прегледи веднаш по повредата, а колкава ќе биде паузата останува да се потврди.
Маркоски е еден од пикерите на поширокиот список на селекторот Кире Лазаров пред Мундијалот во Полска и Шведска, но оваа повреда не би требало да го оддалечи од терените на подолг период.
Алкалоид, за разлика од гостувањето кај македонскиот шампион, кога беше конкурентен до самиот крај, сега го загуби натпреварот од Вардар со осум гола разлика, 30-22.
Ништо од дербито: Вардар покажа среде Автокоманда кој е шампион