Екипата на Текстилец со победа ги стартуваше натпреварите во плеј-аут фазата од Првата лига по триумфот над Преспа со 30:28.
Домаќините уште од стартот беа подобриот тим, иако на моменти имаа осилации во играта, па така во неколку наврати му дозволија на гостинот да пружи добар отпор.
Избраниците на Атанасов на полувреме заминаа со резултатска предност од 18:15, додека вториот дел беше повеќе формалност и полесен тренинг за домаќините.
Преспа поради кратката клупа не можеше да парира во вториот дел. Текстилец водеше со пет до шест гола разлика и се опушти во последниот период.
Гостите од Ресен го искористија падот во играта на домаќините, ја преполовија негативата и се изборија за минимален пораз.
Најефикасен во победничката екипа беше Васе Петров со 12 погодоци. Кај Преспа се истакнаа Филип Шиклевски со девет и Мартин Трајковски со шест реализации.