Петровски со нов интернационален предизвик, ќе игра во Италија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, кој минатата сезона го имаше првиот интернационален предизвик во дресот на Гвадалахара од Шпанија, во остатокот од новата натпреварувачка сезона ќе настапува за екипата на Јуниор Фасано од Италија.

Се работи за клуб, кој се натпреварува во најквалитетното италијанско првенство. Новиот интернационален клуб на Петровски по десет одиграни кола во тамошниот шампионат се наоѓа на 6. позиција на табелата и има големи шанси за напредок, односно пласман меѓу најдобрите тимови и излез на европска сцена.

Средниот бек од Битола што може да ја покрива и левата бековска позиција потекнува од школата на Еурофарм Работник, беше дел од првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, а кратко играше и за тимот на Струга.

Во изминатата сезона со тимот на Гвадалахара го освоија првото место во Првата лига на Шпанија и обезбедија пласман во Асобал лигата. Петровски се реши за нова интернационална авантура, а понудата од италијанскиот клуб беше прифатлива за младиот ракометар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Junior Fasano (@juniorfasano)