Тренерот на Еурофарм Пелистер - Михаил Петровски

Петровски: Имаме најмлада екипа во Суперлига и 16 битолчани во состав, целта е плеј-оф

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24.

Новиот тренер на тимот, младиот стратег Михаил Петровски, заедно со неговиот асистент Васко Димитровски, ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Главната цел на младиот тим од Битола ќе биде иста како и во претходните три сезони, а тоа е пласман во плеј-оф фазата од суперлигашката конкуренција.

„Имам една голема одговорност, затоа што наследувам одлична екипа. За мене ова ќе биде сатисфакција и шанса за докажување. Можеби ќе ја предводам најмладата екипа во шампионатот, која има просек 19 години. Сакам да напоменам дека од 23 ракометари кои што се во ростерот, дури 16 се битолчани. Наидов на млада екипа која што сака да се докажува, која што сака да тренира и да работа и е желна за победи. Целите се исти и оваа сезона, тоа е пласман во плеј-офот“, изјави Петровски.

Еурофарм Пелистер 2 за ривали од групниот сегмент во Супер лигата ги има екипите на Струга, Куманово, Тиквеш, Скопје, Алкалоид, Охрид и дебитантот Аеродром.

Кој дојде, кој замина – еве го составот на Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

 

Петровски се фати за работа – Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовките