Новиот ракометар на Нант, Линус Персон подели низа комплименти за играта на капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров.
Персон, кој доаѓа од Шведска, е исто така десен бек и во новата сезона ќе ја дели минутажата со Лазаров.
„Ќе биде навистина возбудливо да играм со Лазаров на иста позиција во тимот на Нант. Тој е еден од најдобрите десни бекови на сите времиња. Игра на многу високо ниво веќе со години и мислам дека ќе можам многу да научам“, вели Персон.
Покрај Лазаров и Персон, на позицијата десен бек во новата сезона ќе биде и Милан Милиќ.