Периќ: На крајот не посака среќата, бодот е заслужен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер освоија голем бод на гостувањето во Швајцарија откако со гол во последната секунда, Јосип Периќ ги постави конечните 28:28, иако во еден период негативата беше и осум гола.

Босанецот вели дека бодот од тешкото гостување е заслужен.

„Полн сум со емоции. Имавме лош резултат, а тоа е емотивно тешко. Бевме во ’дупка’, но успеавме да се вратиме. Одигравме добро второ полувреме, а на крајот не посака и среќата. Овој бод е заслужен. Одигравме навистина добар натпревар и уживавме на ова гостување“, изјави Периќ.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај шампионот на јужниот сосед, АЕК Атина.