За македонскиот првак Вардар, најважниот дел од сезоната допрва следи. Денеска има суперлигашки дуел со Еурофарм Пелистер во Скопје, кој може да го донесе чекор поблизу до јубилејната 15-та титула во домашното првенство. Потоа следи Веспрем и двомечот во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Подготвени сме за Еурофарм Пелистер. Мислам дека голем дел од работата завршивме во првиот дел од сезоната и сега сме во предност. Со победа во сабота ќе бидеме поблизу до титулата, иако рано е, средина на март сме, има уште многу да се игра. Сепак, важно е во Скопје да се направи тој голем исчекор кон титулата. Ја имаме предноста од домашниот терен, ќе играме пред нашата публика, која најавува фешта на трибините. Од друга страна ние сме шампиони, бранители на титулата, со традиција и искуство кога станува збор за освојување на трофеи. Сметам дека сме и поквалитетен тим, но тоа треба да го покажеме на теренот. За разлика од нас, Еурофарм Пелистер нема што да загуби, тие доаѓаат на ‘се или ништо’ и токму тоа ги прави опасни и незгодни. Ние на наш терен и пред наша публика мора да се погрижиме да си заминат со ‘ништо’“, смета организаторот на играта на „црвено-црните“ Анте Гаџа.
Викенд-интервјуто со Анте Гаџа прочитајте го во продолжение…