Еурофарм Пелистер им приреди уште една радост на навивачите во Битола, со триумфот над Спортинг во Лига Европа од 31-25. Додека ракометарите „везеа„ на паркетот продолжувајќи ја победничката серија сезонава, на трибините беше еуфорично. И „старо и младо“ беше на нозе, без штедење на грлата, дланките…..
Салата „Боро Чурлевски“ беше распродадена, со капацитетот кој е дозволен, и атмосферата вжештена. Битола се потсети на славните денови, а играта на Еурофарм Пелистер најави дека повторно во градот на козулите ќе се игра најдобриот ракомет, па можеби дури и шампионскиот.
Додека „чкембарите“ правеа фешта, и најмладите имаа причини да се радуваат. Така се сака клубот, од мали нозе. Со шалчиња и други клупски реквизити. За Пелистер нема зима, на трибините доаѓаат и новите генерации…
Eурофарм Пелистер супериорен – надигран е Спортинг, и битолчани се во врвот на табелата во групата
Велковски: Имаме неверојатна публика која ни даваше многу енергија