Пелистерецот Василев дел од идеалниот тим на СЕХА за март (ВИДЕО)

Кружниот напаѓач Денис Василев се најде во идеалниот тим за месец март во регионалната СЕХА лигата. Членот на Еурофарм Пелистер имаше одлични партии против Војводина и Нексе на домашен терен и беше избран за најдобар пивот. Покрај Василев, во идеалната седморка се членовите на Партизан - левиот бек Стефан Петриќ, десниот бек Урош Којадиновиќ и голманот Андреј Трнавац, како и тројцата ракометари на Татран Прешов - левото крило Серхио Лопез, средниот бек Лукаш Гогола и десното крило Ерик Фенар.