Екипата на Брест која утре треба да го одигра натпреварот од 1. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција против Ростов Дон, а до Русија имаше вистинско патешествие.
Ракометарките поминаа дури 18 часа во пат што е навистина исцрпувачки и нема да биде воопшто лесно да се одработи задачата после вака долг пат.
Експедицијата на Брест тргна од Лион, а потоа преку Париз и Москва стигна до Ростов. Натпреварот се игра утре од 16 часот.