Пасквал како Душебаев: И јас би забранил игра „7 на 6“

Еден од најуспешните шпански тренери Чави Пасквал кој во овој момент го води Динамо и романската репрезентација во интервју за полскиот портал „sportowefakty“ зборуваше за повеќе теми меѓу беше играта „7 на 6“, а од сите ракометари со кои работел го издвои Французинот Никола Карабатиќ.

Талант Душебаев неодамна повика на забрана за користење на играта „7 на 6“ слично размислува и Пасквал, меѓутоа признава дека и тој го користи овој систем.

„И јас би го забранил играњето „7 на 6“. Сепак, денес е дозволено и го користам. Можеби не ми се допаѓаат некои правила во ракометот, но морам да ги прифатам и да се држам до нив користејќи ги сите можности. Со таква игра добиваме играч плус во нападот што некогаш знае да биде од голема корист“.

Во кариерата во која и 12 години помина во Барселона работеше со голем број фантастични ракометари, а од сите го издвои Никола Карабатиќ.

„Никола Карабатиќ е најкомплетниот играч кој сум го видел. Добар е физички и технички, знае да одигра и во напад и во одбрана. Каде и да го користите ќе биде на ниво. Освен тоа тој е посветен на тимот и знае да признае кога ќе погреши“, изјави Пасквал.

Ќе потсетиме Пасквал со ракометната репрезентација на Романија е наш противник во баражот за Светското првенство. Првиот натпревар Македонија против Романија го игра во Скопје в четврток (17 март), реваншот е два дена дена подоцна на гостински терен.