Пантерот Томовски збесна на голот и го уништи Монпелје (ВИДЕО)

Мартин Томовски продолжува со одличните изданија и во Лигата на шампионите на голот на Вардар. Во победата на гостувањето кај Монпелје од 25:28 Томовски имаше голема улога за составот на Вардар. Репрезентативниот голман бранеше во претпознатлив стил и ги откажа противниците со клучни одбрани во вистински момент. Томовски натпреварот го заврши со 13 успешни интервенции, а некои од нив може да погледнете во следното видео....