ОХРИД 2023: Финалистите познати, но ќе има возбудливи натпревари

Иако се познати финалистите на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“, денес претстои голема борба меѓу неколку екипи во битката да се изборат за второто место во групата и да разигруваат за бронзениот медал.

Како што е познато, финале обезбедија екипите на Еурофарм Пелистер и Олимпијакос. Двете екипи моментално имаат по две победи, што е доволно за пласман во финалето.

Во рамки од групата А, за второто место меѓусебен дуел ќе имаат Охрид и турскиот вицепрвак Бешикташ.

Охрид во првото коло од турнирот беше поразен од Олимпијакос, додека во второто коло го совлада Голден Арт.

Турскиот претставник настапот на турнирот во Охрид го започна со победа над Голден Арт. Во второто коло доживеа пораз од финалистот Олимпијакос.

Што се однесува до групата Б, таму работите се повеќе комплицирани, со оглед на тоа што три екипи се во трка за втората позиција.

Еурофарм Пелистер е на првото место со четири бода, втор е Бутел Скопје со два, по еден бод имаат Металопластика и Татран Прешов.

Распоред на денешните натпревари:

11:00 Голден Арт  – Олимпијакос

13:15 Татран Прешов – Бутел Скопје

18:00 Еурофарм Пелистер – Металопластика

20:15 Охрид – Бешикташ

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.