Охрид е најсериозен кандидат за домаќин на Ф4 во Купот на Македонија?

По Битола и Куманово, кои беа домаќини во претходните две години, завршницата во Купот на Македонија, најверојатно ќе има нов домаќин.

Градот Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“ би требало да бидат домаќини на завршниот турнир и на најдобрите четири екипи во машка конкуренција.

Бранител на титулата е Металург, кој лани славеше во Куманово против Вардар, а сезонава сериозни ривали би можеле да имаат во Еурофарм Пелистер и евентуалниот домаќин Охрид.

Четвртфиналните групи ќе бидат на програмата на 11 и 12 април, додека завршниот турнир ќе се одржи на 16и 17 мај.