Репрезентативката на Македонија, левото крило Јована Саздовска, ќе остане во Романија, но ќе има друг клуб.
Саздовска во следната сезона ќе настапува за Слатина и во романскиот прволигаш ќе игра заедно со Јована Мицевска, која исто така пред извесен период се одлучи за промена на клупската средина.
30-годишната ракометарка минатата сезона со екипата на Дунареа Браила го освои четвртото место во националниот шампионат и бронзениот медал во Купот на Романија.
Левото крило во Македонија беше дел од екипите на Металург и Вардар, со „црвено-црните“ играше и во Лигата на шампионите, додека на интернационално ниво настапуваше и за некогашниот шампион од Германија, Турингер.
Со германскиот тим две сезони, 2018/19 и 2019/20, играше во европската елита и беше една од подобрите во тимот.