Како што веќе најави 24Ракомет, словенечкиот интернационалец Гал Цирар е нов член на амбициозниот тим на Охрид. Тој потпиша договор до крајот на сезоната 2023/24.
Станува збор 27-годишно десно крило, кое потекнува од школата на Горење Велење, играше за Радече, па за Јерусалем Ормож, пред во 2015 година да се пресели во Тримо Требње.
Таму играше седум сезони, до минатото лето, кога се врати во Ормож. По само пет месеци заминува и ќе го има првиот интернационален предизвик.
Во првиот дел од сезоната во словенечкиот шампионат во дресот на Јерусалем Ормож на 15 натпревари, Цирар постигна 59 погодоци, а три сезони по ред беше најдобар стрелец во тамошното првенство.
На десната крилна позиција во моментов Охрид ги има на располагање Црногорецот Балша Чејовиќ и Наум Костов, а претходно се засилија со бекот Стефан Дрогришки. Охриѓани обезбедија место во плеј-офот и таму ќе стартуваат без бодови.
Охрид активен на трансфер пазарот – доаѓа десно крило од Словенија!